Груевски денес најави значителен инвестициски циклус во македонското здравство. Покрај изградбата на Клиничката болница во Штип, започнато е реновирање и адаптација на објектот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Во тек се и градежните работи за дооформување и адаптација на постојниот болнички објект на Општа болница Струмица, ќе се изврши комплетна реконструкција на Градската општа болница „8-ми Септември“, проширување и унапредување на условите за третман на пациентите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, а се планира и комплетно реновирање на објектот на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби., како и комплетно внатрешно реновирање на објектот на Клиничка болница Битола.
Меѓу останатите проекти Груевски потенцираше дека завршени се 80% од работите во прилепската општа болница “Борка Талески”.
“Сакам и да истакнам дека веќе во завршна фаза, завршени се 80% од работите, од реновирањето и адаптацијата на објектот на Општата болница во Прилеп, во вредност од 70 милиони денари. Ова е прва комплетна реконструкција на болницата од 1980 година, од која корист ќе имаат околу 120.000 жители”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.