Реализацијата на мерката за наставниците што ќе се запишат на некој од првите 200 универзитети во светот на постдипломски студии и притоа да добијат стипендија и да им се зачува работно место е практично завршена во Парламентот, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој посочи дека пред околу десетина дена биле усвоени измени и дополнување на законот со што е овозможено како што било ветено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, секој наставник кој што ќе се запише и ќе биде примен од некој од првите 200 универзитети во светот да добие државна стипендија и да му мирува работно место.
-Тоа значи целосно да му се покрие школарината, месечните трошоци за престој и повратен билет за одење и враќање. Тоа што го ветивме го исполнивме и сега следува огласот на кој што ќе има јавен повик до секој кој што ќе се запише да може да аплицира и да добие ваква можност, рече Груевски.