Груби порачува: “Македонците да го поддржат Заев- ќе славиме како што го славевме нашето членство во НАТО”

Вицепремиерот Артан Груби истакна дека граѓаните треба да го поддржат премиерот Зоран Заев во текот на преговорите со Бугарија, пренесува Инфомакс.

Груби истакна дека идентитетот на Македонците нема да се промени и тие нема за што да стравуваат.

– Сакам да дадам огромна поддршка до премиерот Зоран Заев во неговите напори да се откочи нашиот пат кон Европската Унија и се сеќавам на истите вакви реакции и кога се постигнуваше договорот со Грција, Преспанскиот договор. Дел од граѓаните имаа исто вакви реакции, но денеска после две години сите го славиме наше членство во НАТО и сите гледаме дека нашите сограѓани останаа Македонци, зборуваат македонски јазик и државата си остана каква што ја знаевме и пред Преспанскиот договор.

Така ќе биде и по договорот со Бугарија и со отворањето на преговорите со Европската Унија. Затоа мојте сограѓани Македонци нема за што да стравуваат туку треба да ги поддржат Заев и Владата во откочувањето на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ затоа што од тоа придобивка има целото општество – посочи Груби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.