Во прилепското село Чумово во тек е изградба на манастир кој ќе го носи името на Св. Василиј Острошки. Управата прави надчовечки напори и успева да ја турка оваа убава идеја, а се со цел на прилепчани да им подари уште едно свето место во убава природа.
Прв пат по осветувањето на местото, вчера се празнуваше големиот христијански празник Крстовден, па голем број верници го посетија и со свои прилози дадоа придонес во изградбата на овој свет храм.
Утрото започна со света служба, па грмнаа тапанот и гајдата. Верниците уживаа во топлиот празничен ден, се помолија за здравје за себе и своите ближни и посакаа што поскоро, со Божја волја, овде да блесне убав манастир.
Нека е за многу години!