Со настапите на Слаткаристика, Криско, SAF SOUND SYSTEM и Диџеј George, синоќа започна најновото издание на манифестацијата “Тиквешки гроздобер”, која оваа година се одржува под името “Забава под отворено небо”.
Првата вечер донесе голема публика и одлична забава, па ниту краткиот дожд не ја одложи забавата во градот на виното.
Вечерва забавата продолжува со “Некст Тајм”, “Љубојна” и “Џамбо Агушеви Оркестар”.
Квадарци ве очекува!