Медиумите објавија снимка од апсењето на познатата активистка против климатските промени Грета Тунберг, која вчера беше приведена на протести во германското село Лицерат.
„Грета Тунберг беше дел од група активисти кои се упатија кон полицијата. Таа беше запрена и изнесена од оваа група надвор од непосредната област за да се утврди нивниот идентитет“, изјави портпаролот на полицијата во Ахен за Ројтерс, додавајќи дека еден активист скокнал во рудникот.