Грета Тумберг: “Повеќе нема да купувам нова облека”

Активистката против климатските промени, Грета Тумберг, изјави дека никогаш повеќе нема да купи нова облека.

18-годишната Грета вели дека ќе ги праша нејзините пријатели дали имаат облека што можат да и ја подарат.

Таа имаше роденденско интервју за “Sunday Times Magazine” на кое тврди дека ќе носи стара облека или ќе купува од пазар каде се продава облека која веќе е користена.

– Јас не судам никому, но постои ризик кога сте гласни за овие работи. Доколку правите спротивно од тоа што го зборувате, ќе бидете критикувани жестоко и никој повеќе нема да ве сфаќа сериозно”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.