Грее од убавина! Се “штимаат” рефлекторите во Битола, стадионот “Петар Милошевски” се подготвува за првиот ноќен дуел

Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија како носител на проектот за рефлекторско осветлување на стадионот “Петар Милошевски”, ги финализираат активностите за центрирање и фотометрија на рефлекторското осветлување, неопходни за одигрување на ноќни натпревари на стадионот во Битола, согласно пропишаните стандарди.

На овој начин ќе се осигура безбедноста, квалитетот и усогласеноста на инсталираниот систем за осветлување, а рефлекторското осветлување ќе биде пуштено во употреба веднаш, по завршувањето на потребните постапки.

Рефлекторите на стадионот веќе се целосно функционални и обезбедуваат оптимална видливост и одлични услови за одигрување натпревари во вечерен термин, но проектниот тим останува целосно, професионално посветен на успешно завршување на целиот процес.

Фудбалската федерација на Македонија преку програмата „ХетТрик“ на УЕФА инвестираше во изградба на бетонски столбови високи 55 метри и во поставување на повеќе од 270 големи светилки кои го осветлуваат теренот и трибините на “Петар Милошевски”. Исто така, ФФМ инвестираше во поставување на тревна подлога со дренажен систем и систем за наводнување на тревникот на стадионот во Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.