Граѓаните кои веќе 43 дена се на улиците и протестираат за задржување на унитарноста и сувереноста на Република Македонија, денеска повторно беа пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Богдан Илиевски во име на граѓаните повторно ја повтори големата поддршка која ја има Иванов од нив.
-Граѓани за заедничка Македонија, по 43-ти пат доаѓаме овде, нема да е последен ден, битката ќе трае, ама се додека Ѓорге Иванов е навистина претседател на Република Македонија, човек кој го брани суверенитетот на нашата држава, ќе бидеме тука, да му даваме поддршка, како што тој не поддржува нас. Претседателе ти благодариме и денеска, не попуштај под притисоците, ние сме тука со тебе, заедно да си ја чуваме кичмата исправена и главата горе, изјави Илиевски.