Граѓанинот пред се – главното мото на Општина Прилеп

Со своето работење во изминатиов период Општина Прилеп докажа дека е една од најтранспарентните општини во Македонија. Токму за ова придонесуваат проектите „Отворен ден на граѓани“ како и „Ден на идеи – Идеја плус за подобар Прилеп“ кои започнаа да функционираат од 2011 година.

BeFunky Collage

Од започнувањето на овие проекти досега Општина Прилеп ја имаат посетено неколку илјади граѓани, ученици, пензионери, спортисти, уметници, членови на разни невладини организации и голем број други граѓански здруженија кои секој ден бараат прием во општината.

Со проектот „Отворен ден на граѓани“ граѓаните се запознаваат со работата на сите одделенија во локалната самоуправа, како и со работата на градоначалникот со кого остваруваат и средба во неговиот кабинет при нивното разгледување на општинската зграда.

_MG_4711

Проектот пак „Ден на идеи – Идеја плус за подобар Прилеп“ наиде на огромен интерес кај граѓаните, каде тие ги предлагаат своите идеи за подобар Прилеп. Токму од овој проект излезени и реализирани се идеите : изградба на кино, спортски справи на Могилата, рајската градина исто така на Могилата, разни проекти поврзани со инфраструктурата, организација на повеќе настани, приредби и манифестаци.

dasdsadsdaasd

Тука е и проектот „Пријави проблем“ каде на телефонскиот број 048-412-000 граѓаните ги пријавуваат проблемите со кои секојдневно се соочуваат, како што се оштетено улично осветлување, оштетени шахти, дупки по улиците и слично. На сите овие пријави општина Прилеп ексресно реагирала за отстранување на пријавените проблеми.

За да транспарентноста на општината биде на така високо ниво секако придонесува и функционирањето на одделението за односи со јавноста кое соработува со сите медиуми како на локално така и на национално ниво. Двапати во годината се издава електронски информатор, а вработените во одделението секојдневно ја ажурираат интернет страницата www.prilep.gov.mk со најнови информации околу секојдневните настани и случувања во Општината, како и за идните проекти кои ги очекуваат граѓаните.

Токму поради сето ова мотото на Општина Прилеп е – Граѓанинот пред се !

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.