Во уникатниот амбиент каде стилот и вкусот се спојуваат во совршена хармонија, „Шишам Бар“ повторно изненадува!
Локалот кој му даде нов шмек на градот, каде кафето не е само почеток на денот и обичен пијалок, туку претставува предизвик и уметност, со желба да им се заблагодари на сите љубители на добро кафе, локалот воведува лојална картичка.
Со секои 7 купени пијалоци, осмиот е гратис, па ако секој ден во неделата уживате во најдоброто кафе во Прилеп, се засладувате со разни слатки задоволства, или пак сте вљубеници во одлична мача, секоја недела ќе си имате ГРАТИС ДЕН за дружење и муабет со блиските или пријателите.
Оваа новина, единствена во Прилеп, е вистински знак на почит кон своите гости и уште една причина повеќе да уживате во вашето омилено illy кафе, секој ден, со насмевка.
Побарај ја својата лојална картичка при следната посета и уживај во вкусот што вреди повеќе – вкусот на “Шишам Бар”!