Гранде Пандев ти благодариме за се’: Kaпитенот потврди, утре е негов последен натпревар за Maкедониja

Капитенот Пандев потврди дека по завршување на ова Европско Првенство нема повеќе да настапува за Македонија.

Пандев предмалку на прес конференција соопшти дека утрешниот натпревар на Македонија против Холандија, за него ќе биде последен во репрезентативниот дрес.

Капитенот истакна дека нема подобар начин да се опрости со репрезентацијата, преку натпревар на едно Европско првенство и токму против големата Холандија.

Тој вети дека на утрешниот меч ќе дадат се’ од себе за да ги израдуваат фудбалските фанови.

ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ’!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.