Град што се грижи за сите! ЗНАМ Прилеп со конкретни мерки за солидарно општество и грижа за ранливите

Во рамките на изборната кампања за претстојните локални избори, тројца кандидати за советници на Движење ЗНАМ за Наша Македонија – Прилеп се обратија пред граѓаните со своето програмско видување за пофер, похумано и посолидарно општество. Во фокусот на нивното обраќање беше социјалната грижа и хуманоста во заедницата, како темелни вредности на кои ќе се темели идното делување на локалната самоуправа.

Кандидатите ја истакнаа потребата Прилеп да стане општина што се грижи за секој човек, без исклучок, и ги претставија следните заложби:

Поддршка за децата без родителска грижа:

Воведување мерки за финансиска поддршка на децата и младите кои имаат статус на „деца без родители и родителска грижа“, сместени во установи или згрижувачки семејства на територијата на Општина Прилеп, сè до навршување на 18 години. Оваа поддршка ќе се реализира во рамките на општинските овластувања.

Отворање на „Сигурна куќа“ – општинско засолниште за жртви на семејно насилство:

Простор кој ќе нуди 24-часовна заштита, стручна психолошка и социјална помош, како и сместување до целосна реинтеграција на жртвите во општеството.

Формирање дневни центри за лица со попреченост и ретки болести:

Центри во кои ќе работат дефектолози, логопеди и други стручни лица, со цел обезбедување професионална грижа и поддршка за оваа најранлива категорија граѓани.

Со овие заложби, Движење ЗНАМ за Наша Македонија – Прилеп испраќа јасна порака дека грижата за луѓето е основата на секоја здрава и успешна заедница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.