Силно невреме проследено со обилен град и засилен ветер го погоди Прилеп и прилепско попладнево.
Во атарот на селата Големо и Мало Коњари, како и Кадино село, невремето предизвика огромни штети на земјоделските производи, особено на тутунот.
Земјоделците во паника споделуваат фотографии и видеа од апокалиптичното невреме кое за кратко време го зеде данокот.