Шведскиот град Лунд одлучи да постави пилешко ѓубриво во централниот парк како би се спречиле собирите за време на Валпугијските ноќи, прослава која се одбележува ширум Скандинавија.
На овие прослави се собираат голем број на луѓе, меѓутоа оваа година властите сакаат да го спречат тоа поради епидемиjaта на кopoнавиpyc, пренесува БиБиСи.
“Лунд би можел да стане епицентар на ширењето на кopoнавиpycoт во последната априлска ноќ”, рече претседателот на локалниот Одбор за заштита на животната средина, Гистав Лундблад.
Тој смета дека ѓубривото треба да се стави во сите тревници, а на тој начин лошата миризба би ги спречила масовните собири.