Градскиот пазар во Прилеп ќе биде допокриен

_mg_3489

Со проектот „Подобрување на економските услуги од регионално значење – модернизација на регионален пазар“ кој се спроведува преку Центар за развој на Пелагониски плански регион, ЈКП „Пазари“ и општина Прилеп денеска градоначалникот Марјан Ристески посочи дека наскоро ќе започне третата фаза од допокривање на пазарот во Прилеп. Вкупна вредност на проектот изнесува 4.334.721 мкд, кој финансиски е поддржан од програмата за рамномерен регионален развој во 2016 година на Министерството за локална самоуправа на РМ преку Бирото за регионален развој.

_mg_3497 _mg_3492 _mg_3493 _mg_3495

Со проектот ќе се изврши покривање на пазарот преку изработка на нова кровна конструкција за површина од 831 м², од кои на 644м² ќе биде изработена челична конструкција со два челични профили и ќе се изврши покривање на површина од 187м² со трослоен, транспарентен лексан. Со проектот ќе се изработи нов под за поставување на бехатон подни плочки на површина од 977м² од кои на 648 м² ќе бидат поставени нови подни плочки а додека на останантите 329 м² ќе бидат поставени стари плочки.

_mg_3523 _mg_3499 _mg_3501

Со реализацијата на проектот ќе се врши модернизацијата на пазарот, ќе се создадат инфраструктурни предуслови за зголемување на економската активност и зголемување на севкупната конкурентност на овој дел од регионот. Со реализацијата на проектот ќе се подобрат економските услуги од регионално значење, ќе се овозможи зголемен проток на стоки и услуги кои во најголем дел се произведуваат во Пелагонискиот регион, а ги купуваат најмалку 350.000 жители на овој регион, но и на соседните региони. Со проектот ќе се создадат подобри услови за околу 400 од продавачи од Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Кавадарци, Неготино, Македонски Бро… како и за купувачите кои купуваат на овој пазар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.