Вечерва со почеток во 19:00 часот во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, свечено ќе бидат врачени наградите на најдобрите:
– рецитатори,
– автори на лични творби и
– автори на краснопис
во натпреварите, што традиционално се одржуваат во организација на нашата установа, а во соработка
со сите основни и средни училишта од општина Прилеп.
На најдобрите ќе им бидат подарени избор книги, а компанијата „Витаминка“ за сите обезбеди по едно пакетче со производи од богатата производна програма!
Ова ќе воедно ќе биде и прв официјален настан од именувањето на Андриана Ристеска за директор на ЈОУ ГБ „Борка Талески“-Прилеп.