Градот под Марковите Кули е спремен за големата кулминација која ќе се случува вечерва на фестивалот на скарата и пивото.
Дождот кој и попладнево силно почна да паѓа нема да претставува проблем, како што беше случај и вчера, кога екипите на комуналните претпријатија, ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и канализација, експресно се справија со насобраната вода во центарот на градот.
Вчерашната ноќ донесе илјадна публика пред фестивалската сцена, а вечерва и утре се очекува најмалку три пати повеќе од вчерашните слики.
Сите патишта водат кон Прилеп, планинскиот превој Плетвар денеска е речиси блокиран од возила. Гости во текот на целиот ден пристигнуваат и од Битола, Охрид, Ресен …..
На железничката станица пак пристигнуваат бесплатните возови на Македонски Железници со многу патници желни за забава.
Третата вечер на Пиво Фест ќе ја одбележат настапите на Миле Кузманоски, Радмила Манојлович и Аца Лукас.
Се очекува една бура од прекрасна атмосфера, публика од сите генерации, многу испиено пиво и изедени тони скара.
Прилеп ве очекува!
Тука е забавата и не заборавајте, ЕДЕН Е ФЕСТИВАЛОТ !
А.Г.