Градот, Мајмуните и Победа во заеднички поход!!!

16934225_10210524463099301_1133661759_n

Веќе една недела, целото раководство на ФК Победа, ЈКП Комуналец, Општина Прилеп и НК “Мајмуни”, засилено работат на стадионот на Могила. Се редат столчиња, се поправа тревната покривка, се засилува оградата, се бојaдисуваат врати, скали и се прошируваат соблекувалните.

Идејата на Претседателот Гоце Ингилизов е да се игра прволигашки фудбал во Прилеп и пред да се заврши “Градски”, па со помош на “Мајмуните” и неколку добронамерни прилепски фирми стадионот добива убав лик. Можеби нема да стигнат за мечот со ФК Вардар на 5-ти март, но на 19-ти веројатно тука Победа ќе го пречека Шкупи и во “жешка” атмосфера, со помош на верните прилепски љубители на фудбалот ќе одат во поход кон остварување на примарната цел оваа сезона.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.