На вчерашната седницата на Советот на општина Битола на дневен ред беше извештајот за спроведената ревизија во ЈКП Нискоградба, за кој како што кажаа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека лагите и манипулациите се одлика на владеењето на локалната власт на СДСМ.
-На дневен ред на денешната седница на Советот на Општина Битола и извештајот од спроведената ревизија во ЈКП Нискоградба, кој што ги демантираше инсинуациите за криминал, поради кои позицијата предводена од СДСМ и пред неколку месеци и денес го гласаше против. „Во моментов Битола има еден проблем и се вика Наташа Петровска. Јавните претпријатија се во целосна парализа. Лагите и манипулациите се одлика на владеењето на новата локална власт, рече советникот на ВМРО ДПМНЕ, Иванчо Тошевски.
Борче Димитровски, исто така советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ обвини дека како што започнала локалната власт од првиот ден со алиби и ноторни лаги така и продолжуваат. Како што кажа тој градоначалничката Петровска во ноември помпезно објавила дека општината е задолжена над 12 милиони евра, а само неколку месеци подоцна, истата градоначалничка поднесе завршна сметка на општина Битола каде стои дека Општина Битола има побарувања во висина од 5 милиони евра и долг од 3 милиони евра.
-Потоа во месец јануари советниците од мнозинството и градоначалничката кажаа дека нема да има поскапување на цените на водата, за минатиот месец да ги зголемат цените кои граѓаните ќе ги плаќаат од свој џеб. За да денес имаме на дневен ред завршна сметка на КЈП Нискоградба, која не беше изгласана во месец март со аргумент дека ревизијата ќе утврди бројни неправилности, денес таа ревизија не утврдува никакви неправилности, а проектираната загуба од 32.000.000,00 денари со одлука на Советот ќе се пребие со акумулирана добивка во висина од 48.000.000,00 денари, изјави Димитровски.
Димитровски ја праша градоначалничката, која е математичарка, дали 32 милиони е повеќе или помалку од 48 милиони денари.
Анита Ангеловска, советничката на ВМРО-ДПМНЕ пак ги обвини политичките ривали дека од денеска веќе не се само алиби политичари туку и луѓе кои си го следат својот премиер Заев кој освен да го лаже својот народ и не знае ништо друго!
-Лагата станува основна одлика на начинот на кој ја практикувате власта и во државата и овде во Битола, изјави рече Ангелевска
Таа обвини дека во политиката лагата може да ви донесе дневни поени, на краток рок, но кога ќе биде разобличена лагата се казнува.
-Политички, ќе ве казнат гласачите кои ги излажавте, но во правна држава за лага од позиција на одговорна функција и кривично се одговара. Кога дојдовте на власт ви наредија да негирате се што било до сега направено, да барате неправилности, да измислувате долгови и вие тоа буквално го сфативте. Прво градоначалничката, не само јавно заради пи-ар, туку и материјално формално со документи излажа за големината на наводниот долг на општината. Потоа почнавте да лажете за се со ред, за сите јавни претпријатија одејќи до таму во вашата слепа послушност на лажговците кои ве раководат од Скопје, што без никаков аргумент и основаност ги отфрлавте еден по еден годишните извештаи и завршните сметки на јавните претпријатија, изјави Ангеловска.
Таа им порача и дека не само што не помислиле дека на тој начин го рушат рејтингот и бонитетот на општината, при идни аплицирања за меѓународни проекти и грантови, туку и дека аргументите и фактите кога тогаш ќе ги демантираат.
-Ова е ревизорскиот извшетај за ЈП Нискоградба во кој што не само што не е евидентиран криминал, како што цело време инсинуирате лажете, туку во целост Ве демантира. И сега? Колку ви траеше лагата? До каде стигнавте со неа? Знаете што се добива со лажење? Ете, сега ќе ви кажам, се добива кривична пријава, како оваа за вашата градоначалничка, бидејќи нашето законодавство нејзината лага за долгот на општината, особено ако е преточена во официјални документи, ја смета за злоупотреба на службена положба и овластување, за што не се добива само казна од гласачите на избори, туку и казна затвор, изјави Ангеловска.
Извор: “Курир”