Градоначалниците на Крушево и Долнени на средба за унапредување на меѓуопштинската соработка и локалниот развој

Градоначалникот на Општина Крушево, г. Нако Чонески, оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Долнени, г. Блерим Ислами, на која беше разговарано за унапредување на меѓуопштинската соработка и заедничко делување во интерес на граѓаните.

На средбата беше ставен акцент на размена на искуства, координација на активности и разгледување на можностите за реализација на заеднички проекти во повеќе области, со цел поттикнување на локалниот развој и унапредување на јавните услуги.

Двајцата градоначалници ја потенцираа важноста од меѓуопштинската соработка, особено меѓу помалите општини, како ефикасен механизам за надминување на ограничените ресурси, пооптимално користење на расположливите капацитети и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

Во таа насока, беше истакната и потребата од континуиран институционален дијалог како основа за поефикасно справување со заедничките предизвици, при што беше изразена подготвеност за интензивирање на соработката во наредниот период, особено во областите на инфраструктурата, туризмот и регионалниот развој.

Средбата беше оценета како значаен чекор кон јакнење на партнерствата меѓу локалните самоуправи и креирање политики кои директно ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во двете општини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.