“Градоначалник, ова ли ќе биде најскапиот реконструиран мост во светот, се најдува во Прилеп..? 500.000 ЕВРА за реконструкција”

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски склучија договор за реконструкција и доградба на мостот над градската река на улица “Трајко Николоски” во населбата “Сточен пазар”.

Договорот е склучен со битолска фирма и чини неверојатни речиси 500.000 евра или 29.999.140 денари.

Информацијата ни ја пренесе наш читател кој вели дека оваа сума е астрономска со оглед на тоа дека мостот на оваа улица не е некој голем објект па да треба да се потрошат толку многу пари за негова реконструкција.

Точно е дека на мостот му е потребна итна санација и дека тоа значително би го олеснило одвивањето на сообраќајот во овој дел на градот, но да се потрошат цели 30 милиони денари е навистина сума од која боли глава и става прашалник за можна злупотреба на општинскиот буџет.

Во текот на вчерашниот ден на оваа тема реагираа и советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои после одржувањето на 28-та седница на Советот истакнаа дека за овој мост најпрво биле предвидени 8 милиони денари, а потоа без промена на одлуките на Совет биле предвидени 30 милиони.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.