Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески работниот ден го започна со состанок со фирмата ДОО Изофас, задолжена за зимско одржување, со надзорниот орган од ЈП за ПУП и со вработените во Општината. На средбата беа распределени задачите за поефикасно организирање и функционирање на зимската служба за претстојниот период.
На состанокот од страна на фирмата задолжена за зимско одржување беше истакнато дека набавени се потребните колични на сол и ризла, а подготвена е и соодветната механизација.
Ова во согласност со Оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето од Општина Прилеп за сезоната 2021/2022 година.