Честитка од градоначалникот Илија Јованоски, по повод Денот на независноста 8.Септември:
Локалната самоуправа на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, на сите граѓани на општина Прилеп и на Република Северна Македонија им го честитаат празникот 8.Септември, Денот на независноста. Продолжувајќи ја традицијата на мир, меѓусебно разбирање, толеранција и соживот, сплотени заедно да го прославиме Денот на независноста на нашата татковина. Да им оддадеме почит на сите нашите борци и херои, кои силно верувајќи во вековната идеја за самостојна и независна држава, ги положија своите животи во борбата за национална и социјална слобода.
Го исполнуваме аманетот на нашите предци, посветено градиме стабилна, безбедна и просперитетна држава. Денес сигурно чекориме по патот на Евроатланските интеграции. Со брзото и успешно завршување на преговорите, докажавме дека сме решени и можеме да ја исполниме стратешката цел, да станеме полноправна членка на најголемиот воено политички сојуз, НАТО Алијансата. Подготвено и посветно работиме на реформите да станеме дел од семејството на европските развиени и демократски држави.
Вложувањето денес, е вложување во иднината која им припаѓа на идните генерации млади луѓе.
Нека е честит 8.Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија!