Градоначалникот со 1.1% рејтинг ќе барал доверба за втор мандат

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, кој според последното истражување на МЦМС има рејтинг 1.1%, во “Утрински брифинг” на “Слободна ТВ”, порача дека е задоволен од тоа што го сработил во изминатите четири години и најави дека ќе се бори да добие нов мандат за прв човек на Прилеп.

“Прилеп доби неколку капитални проекти. Ќе ги издвојам првите четири: автобуси на метан, изградивме мост на Градската река, нешто што се нема направено 48 години, при крај е изградбата на Градскиот стадион кој за еден месец ќе го ставиме во употреба, а во исто време ќе го пуштиме во употреба и спортско рекреативниот центар на вештачкото езеро. Исто така направивме нов, современ, европско булевар. Пред еден месец ја започнавме изградбата на детската градинка во населбата Точила, со капацитетод 260 деца, која ќе биде готова до крајот на годината. Особена гордост ми претставува да ги најавам двата покриени базени. Едниот ќе биде полуолимписки, а другиот училиштен”, истакна Јованоски.

Целото гостување во “Утрински брифинг” на градоначалникот Илија Јованоски погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.