Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети манастирот „Св. Петка“ во населеното место Лениште и на сите првославни христијани им го честита празникот Крстовден. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.