Домаќински со шише црно вино и ракија и оваа година бакалите го поканија градоначалникот Ристески да присуствува на празникот поврзан со бакалите.
Градоначалникот Ристески со особено задоволство истакна дека ова „Здружение на бакали“ е едно од најактивните во Република Македонија и дека е горд што и тој потекнува од бакалско семејство. И покрај многуте работни обврски Градоначалникот Марјан Ристески секоја година практикува да ги посети прилепските бакали и да ја сподели нивната заедничка прослава.