Градоначалникот Ристески на Ашуре

1

Традиционално и оваа година градоначалникот Марјан Ристески го посети н.м. Канатларци каде на покана на Бекташиската Верска Заедница Сабедин Јусуфоски присутвуваше на свечениот ручек „АШУРЕ“ во „Бекташиското Теке Дикмем Баба“. Градоначалникот Ристески им го честита празникот, им посака добро здравје и негување на традиционалните вредности нагласувајќи дека соживотот и заедничката соработка со турското население преставува вистински пример за меѓуетничко уважување и почит. Оваа востановена традиција што ја практикува Бекташиската заедница од ова населено место каде 90 % живее турско население го симболизира споделувањето, солидарноста, љубовта, богатството и заедничкиот живот. Според верувањата традицијата за ашуре, стара со векови, започнува од денот кога бродот на пророкот Ное и неговите верници се спасуваат од потопот. Откако бродот пристигнува на брегот, останата храна во бродот се собира и се направи еден оброк. Тој оброк се нарекува ашуре. Ашурето се нарекува и јадењето, љубовта и хуманоста. Се споделува со комшиите, пријателите и роднините.

2

3

4

5

6

7

8




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.