Градоначалникот Ристески го честита празникот „Преображение Господово“

 

1

Голем број на граѓани, денеска ја посетија црквата „Св. Преображение“ по повод празникот Преображение Господово. Градоначалникот Ристески кој воедно е и домаќин оваа година, го честита празникот:
„На сите православни верници им упатувам искрени честитки по повод празникот „Преображение Господово“, посакувам мигови на разбирање, љубов, надеж и бериќет во секој дом и Господ да ги поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Празникот „Преображение“ на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август. На овој ден се прославува преображението (metamorphosis) на Христос на Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.

[Best_Wordpress_Gallery id=”342″ gal_title=”Преображдање”]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.