Градоначалникот Ристески го честита празникот “Св. Никола”

Повеќе граѓани, почитувачи на традицијата, денеска го посетија параклисот на „Св. Никола“ во населбата Жабино Маало по повод празникот Св. Никола. Градоначалникот Ристески на овој собир, го честита празникот:

На сите православни верници им упатувам искрени честитки по повод празникот „Св. Никола“,  посакувам  мигови на разбирање, љубов, надеж  и бериќет во секој дом. Господ да не поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Нека е за многу години големиот празник !

Градоначалникот Ристески по повод празникот беше присутен и на Светата Божествена литургија во храмот „Св.Благовештение“. 

[Best_Wordpress_Gallery id=”98″ gal_title=”Sv.Nikola 2015″]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.