Градоначалникот Ристески ги прими македонските каратистки кои освоија медал на СП

2

Градоначалникот Марјан Ристески, денеска организираше прием за македонскиот ката тим кој освои сребрен медал на Светското првенство во карате што неодамна се одржа во Џакарта, Индонезија.
Градоначалникот им го честиташе успехот на каратистките и им посака на претстојните балкански и континентални збиднувања да го повторат резултатот нагласувајќи дека успешните спортисти се достојни претставници на нашата земја. Ова беше втор медал за македонските картисти на СП кадети и јуниори (по бронзата на Берат Јакупи 2013 во Гвадалахара во борби во У21) а прв медал во дисциплината кати. Воедно тоа е и прво финале за Македонија на ваквите светски првенства.
Градоначалникот Ристески им посака многу здравје, среќа и успеси за понатаму.

4

1

3




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.