Денес православните христијани го слават свети Трифун, денот кога се пие вино и се слави плодноста на лозите. Свети Трифун (или кај народот познат како Трипун) е заштитник на лозарите и затоа денеска се пие вино, се посакува среќа и плодност на почвата, вековна традиција на славење на овој празник.
Градоначалникот Марјан Ристески со неколкумина свои соработници денеска беше на закројување во месноста Склештен мост.
На прославата за Свети Трифун, градоначалникот Ристески, кој многупати досега, ја покажа широкоградоста и го подели домаќинлакот со неколку сограѓани за одржуање на традицијата посака годината да биде родна, лозарите да наберат квалитетно грозје и многу здравје. По црковната церемонија и закројувањето на лозјата, со здравица се посака бериќетна година.