Градоначалникот објави слика, шетале со СДСМ од врата до врата, граѓаните ги зедоа “под нозе” во коментари

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, кој неодамна објави дека поднел кандидатура за нов мандат во партијата, објави фотографија на ФБ, каде информира дека заедно со активистите од неговата партија започнале со акцијата од врата до врата.

Она што прво паѓа в очи се коментарите на граѓаните под фотографијата на Јованоски, каде речиси и да нема ниту една пофалба.

Напротив може да се види гнев и голема разочараност од 4-годишното владеење на СДСМ на локално ниво.

Се потрудивме да ги извадеме оние коментари кои не содржат вулгарности:

– Градоначалнички каде беше до сега да ги видиш проблемите на граѓаните на Прилеп сега касно е палиш марко на косово

– Посетете те ги и урнатините на 11 октомври Еурокомпозит.Можеби ќе им кажете на зидовите каде им се вработените…

– 4 години не му текна за барањата на граѓаните, во глувчја дупка беа пикнати.. сега на 2 месеци пред избори ќе ги слушале барањата на граѓаните..? да не е малку касно?

Што мислите вие, дали е ова реалното расположение во пресрет на локалните избори во Прилеп?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.