Градоначалникот на Општина Прилеп ги честита престојните празници

Почитувани,

Во овие празнични денови ми претставува особено задоволство и чест, на сите грагани и верници, да им го честитам новогодишните и Божиќните празници.

Посакувам оваа година, да го исполниме нашето секојдневје со љубов и дарување. Со верба, надеж и љубов да продолжиме во градењето на нашите цели на нашата татковина.

Најтопло, Ви посакувам овие светли денови да ги поминете во духовен мир, исполнети со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секое семејство.

Среќна Нова Година и Божиќни празници!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.