По речиси повеќе од десетгодишна пауза автомобилистичкиот спорт и високите октани повторно се враќаат во Кавадарци, преку претстојниот ридско – брзински натпревар на патеката Кавадарци – Витачево.
Овие натпревари најпрво се одржувале во рамки на Југословенскиот, а подоцна и во рамки на Македонскиот шампионат и истите важеле за едни од најдобро организираните мото натпревари за своето време.
Оваа година натпреварот се одржа денеска, а ќе продолжи и утре, на патеката која се протега на патниот правец брана Моклиште – Витачево и е во должина од 5,3 км.
Свое учество во трката зеде и Градоначалникот на Општина Кавадарци, г-дин Митко Јанчев.
Денеска се одржаа техничките прегледи и верификациите, а потоа и тренинг возење на стазата.
Трката е закажана за утре со почеток од 09:30 часот, кога ќе има свечено отварање на градскиот плоштад во Кавадарци, а потоа поаѓање кон стазата на брана Моклиште.
Погледнете го во продолжение тест возењето на Јанчев: