Градоначалникот на Прилеп г-н Марјан Ристески и амбасадорот Трпески во просториите на спортскиот центар „Илинден“, имаа средба со дел од заедницата со цел да им се објаснат условите и поволностите за инвестирање во Република Македонија.
Средбата протече во насока појаснување на даночните олеснувања при отворањето на бизнис и напорите на владата за олеснување на овој процес. Дел од присутните повеќе беа заинтересирани за имотно правните односи, состојбата на патиштата и работата на матичните служби.