Со полагање цвеќе на бистата во основното училиште кое го носи неговото име, Општина Прилеп ја одбележа 118-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев.
Покрај градоначалникот Илија Јованоски, цвеќе положија и претставници на Советот на општина Прилеп, училиштето кое со гордост го носи името на Делчев, како и делегации на политички партии и урбаната заедница „Гоце Делчев“.
Исто така, по повод 109-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Пере Тошев, делегациите се поклонија и положија свежо цвеќе пред неговата биста во центарот на Прилеп.
Со полагање цвеќе пред бистата која се наоѓа во Меморијалниот музеј „11.Октомври“, градоначалникот Јованоски и претставници на општинскиот Совет и ОО на СДСМ – Прилеп, му оддадоа почит и на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, од чија смрт денеска се одбележува 41 година.