“Градоначалникот заборави да честита “Успение на пресвета Богородица”, ама Рамазан Бајрам не го заборави?”

Секуларниот градоначалник и секуларната општина Прилеп, како што самите се нарекоа минатата година, честита едни празници на едни верски заедници, а заборава други.

Така на 04.06.2019 градоначалникот Илија Јованоски го честиташе верскиот празник Рамазан Бајрам на сите верници од од исламската вероисповед, а заборави на вчерашниот празник “Успение на Пресвета Богородица”, кој е еден од најголемите во календарот празници на православните верници.

Празникот Успение на Пресвета Богородица се празнува најмасовно низ македонските црковни храмови и манастири, а така беше и вчера, кога голем број верници ги исполнија светите места во и околината на градот.

Првите луѓе на општините и на политичката сцена се секогаш првоповикани да ги честитаат празниците на сите верски заедници, затоа што само така се гради едно општество за сите и општество во кое се почитуваат традициите, културата и вредностите на различните заедници.

Така било во минатото, така треба и да продолжи!

Всушност, во предизборните кампањи политичарите бараат поддршка од сите и добиваат гласови и од православни и од муслимани и од католици….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.