“Градоначалникот го одбегна рускиот амбасадор во Прилеп?” (ФОТО)

Денеска во Прилеп на Германските воени гробишта се одржа традиционална церемонија по повод Денот на сеќавањето за руските војници загинати во Првата светска војна.

Во неа зедоа учество Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак, претставници на локалната општинска управа и Министерството за одбрана на Република Македонија, воени аташеа на Србија и Бугарија, делегации на руски и македонски фирм и активисти на локалното здружение на македонско-руското пријателство.

Церемонијата започна со меморијална служба, по која учесниците положија цвеќе на споменикот на руските војници и офицери закопани на гробиштата.

На настанот не се појави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, а како претставници на општината беа пристутни двајца советници.

Рускиот експедиционен одред којшто го чинеа 2-та и 4-та Специјална бригада, обединети во Специјалната дивизија, се бореше на Македонскиот фронт во состав на Источната армија на Антанта во 1916-1917 година. Цело ова време руските војници се наоѓаа без смена на фронтот и учествувааа во сите големи битки во овој театар на војната.

Имено, единици од 2-та специјална бригада први влегоа во Битола, ослободувањето на којшто беше најголем успех на силите на Антанта на Македонскиот фронт речиси до самиот крај на војната.

Во 2014 година, по повод 100 години од почетокот на Првата светска војна на иницијатива на амбасадата, на Германските воени гробишта во Прилеп беше инсталиран монумент во спомен на погребените таму десетица руски војници убиени во борбите на Македонскиот фронт.

Во мај 2018 година во музејот на Француските воени гробишта во Скопје беше отворена постојана поставка за историјата на рускиот одред (материјалите и експонати за истата беа обезбедени од Амбасадата на Русија).

Истиот месец на иницијатива на руското дипломатско претставништво во македонскиот главен град беше завршена реставрација на надгробната плоча на гробот на рускиот генерал, учесник на првата светска војна, добитник на највисоко руско воено одликување „Свети Георгиј“ Николај Иванов.

Исто така во 2018 година во Скопје во општина Аеродром, на територијата на храмот „Света Троица“ којшто во моментов се гради, беше отворен параклисот „Свети Георгиј Победоносец“ во спомен на руските војници, загинати на македонската земја во сите времиња.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.