“Градоначалникот вработува нови 11 лица во oпштината, а градот се распаѓа?”

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 81/2018

за вработување на 11 државни службеници од група I, подгрупа I во Општина Прилеп за следните работни места:

1. УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор за финансиски прашања(1) извршител(и)

2. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања(1) извршител

3. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за управување со човечки ресурси (1) извршител

4. ИНС0101В01001 Овластен градежен инспектор, Одделение за комунална, урбанистичка, градежна и сообраќајна инспекција, Сектор – Инспекторат(1) извршител

5. УПР0101В02000 Виш соработник за буџетско и финансиско-материјално работење, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања(1) извршител

6. УПР0101В02000 Виш соработник за административно-технички работи, Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања(1) извршител(и)

7. УПР0101В04000 Помлад соработник за планирање и извршување на буџетот, Одделение за буџетска координација, Сектор за финансиски прашања(1) извршител(и)

8. УПР0101В04000 Помлад соработник за следење и поддршка на локалниот економски развој, Одделение за локален економски развој и прекугранична соработка, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности(1) извршител(и)

9. УПР0101В04000 Помлад соработник за правна помош, предлози и претставки, Одделение за контакт со граѓаните, невладините организации, облиците на месната самоуправа, информирање, правна помош, предлози и претставки, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности(1) извршител(и)

10. УПР0101В04000 Помлад соработник за примена на прописи, постапки и стандарди за човечки ресурси, Одделение за управување со човечки ресурси(1) извршител(и)

11. УПР0101Г03000 Референт-технички секретар, Одделение за општи работи, Сектор за правни, општи работи и јавни дејности(1) извршител(и)

СИТЕ УСЛОВИ И ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТУКА

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.