Актуелниот градоначалник Илија Јованоски, во 2016 година во улога на координатор на тогашната советничка група на ОО СДСМ Прилеп, преку прес конференција предлагаше премија од 1 милион денари за пласманот на фудбалерите на ФК Победа во Првата фудбалска лига.
Јованоски тогаш беше придружуван од сегашниот претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талески.
Победа имаше турбулентна сезона, а на крајот преку плеј-аут меч со велешки Борец се избори за прволигашки статус и за следната сезона.
После дуелот со велешаните следуваше најава за воздигнување на клубот со буџет кој гарантира излез во Европа следната година, но од најавената премија од 1 милион денари нема ни трага ни глас.
Еве како тогаш Јованоски бараше и ветуваше: