„Од денес од утринските часови, од 8 часот беа на располагање 15-тина припадници на армијата, онаму каде што имаше најголема потреба и она што загрижуваше во Прилеп претходните неколку денови, пред маркетите и пред банките, каде имаше голем број на граѓани, морам да спомнам несовесни, кои не го почитуваат редот и оние препораки што ги дававме неколку денови. После поставувањето на знаците што ги постави Општина Прилеп во ноќните и утринските часови пред овие експозитури и маркетите во градот, „СТОЈ ОВДЕ“ со црвени четириаголници, и видовме денес после обележувањето и по присуството на армија се виде дека веднаш е подруга ситуацијата.
Да напоменам само дека присуството на армијата граѓаните не го почувствуваа како страв, туку напротив како загриженост на армијата, затоа доаѓа на помош, како безбедност и сигурност. Армијата била секогаш добредојдена во наша општина, граѓаните гаат не само интерес, туку и симпатии кон армијата и овој пат тоа го покажаа.
Граѓаните на Прилеп мора, малку ќе бида вулгарен, да се ПРЕВОСПИТАМЕ, затоа што ништо не доаѓа од надвор, се е од внатре и ако успееме од внатре да ги почитуваме и да ги спроведиме мерките, ќе биде помалку ризично, ќе има помалку заразени, ќе има помалку болни и тоа е начинот.
Уште еднаш сакам да апелирам за овие велигденски празници да ги почитуваме максимално мерките, посебно за возрасните над 67 години, пензионерите кои треба да излегуваат не повеќе од 2 часа кога им е онаа наредба, и младите тие два часа што треба да ги користат, да не ги користат за збирање во викендички, излетнички места или во Паркот на револуцијата.
И уште еднаш ќе напоменам, да не му падне на памат на некои од компаниите кои што се затворени, да отворат без да добијат дозвола од надлежните служби, од епидемиолошката служба, од стопанската комора, бидејќи тие се надлежни и само тие одлучуваат“, истакна Јованоски.
Само пред неколку дена токму општина Прилеп организираше хуманитарна акција во населбата Тризла, каде се делеа пакети, а во населбата се направија големи гужви.
За гужвите наоколу не се секогаш криви граѓаните, туку и надлежните, кои трчајќи да обезбедат политички поени забораваат дури и на препораките кои сами ги носат.