Канагбаши округот на Ордос во Кина е урбан град кој се протега на огромно пространство, исполнет со блескави згради, футуристичка архитектура и паркови. Иако се работи за модерен град, во него не живее речиси никој. Тој е еден од многуте празни “градови на духови” во Кина. Овие градови ги изградила владата на Кина, за да ја урбанизира државата, но луѓето не можат да се населат во нив бидејќи не можат да си го дозволат тоа.
Кина има изградено стотици вакви градови во последните 3 декади, со план во нив да вдоми 250 милиони жители, дури шест пати повеќе од популацијата во Калифорнија на пример.
Новоизградените градови имаат за цел да ги покажат високите достигнувања на локалните политичари. Но многу од луѓето не сакаат да живеат во нешто што изгледа мртво. Скоро секогаш овие нови градови имаат огромен недостаток на работни места и развиена трговија, што е неопходно за да се живее во нив.
Во Кангбаши, владата се послужила со административни трикови, релоцирајќи многу бирократски институции и училишта, потоа обидувајќи се да убедат што поголем број на луѓе од околните села да се преселат таму. Но тоа не дало голем успех. Од планираните 500 000 жители, таму живеат помалце од 10 000.
“Градови и окрузи изградени без побарувачката или потреба резултираше со тоа што некои кинески научници го нарекуваат, буквално, ” ѕидови без пазари “, вели Вилијам Хурст, професор по политички науки во Соединетите Американски Држави .
Aлександар Георгиоски