Градежни активности во индустриска зона СЛАВЕЈ

Индустриската зона Славеј во Општина Кривогаштани, наскоро ќе го добие и третиот стопански капацитет. Градежната оператива започна со тампонирање на парцелата во непосредна близина на регионалниот пат Прилеп – Крушево, предвидена за изградба на фабрика за откуп и преработка на земјоделски производи. Индустрискиот капацитет е наменет за производство на смрзнат зеленчук и овошје што во соработка со партнерите ќе се пласира на странските пазари.

„Покрај првата фаза за преработка на зеленчук и објектите во подготовка на сточарската фарма, Индустриската зона кај селото Славеј ќе добие стопански капацитет за откуп, преработка и производство на замрзнат зеленчук и овошје. Започна тампонирање на парцелата и подготвителните работи за подигнување на објектите. Оваа нова домашна инвестиција ќе обезбеди сигурен пласман на градинарските производи и овошје.- Изјава на Градоначалникот Тони Заткоски.

Инвестицијата е вредна блиску еден милион и петстотини илјади евра треба да обезбеди преработка и производство на замрзнати пиперки, кромид, тиквици, вишни, јаболка и друг зеленчук и овошје. – изјава Рубинчо Благадушоски –инвеститор.

Индустрискиот капацитет ќе се простира на површина од 6 000 метри квадратни. На годишно ниво фабриката ќе преработува и пласира 5 илјада тони готов производ на американскиот пазар. Проекциите на инвеститорите се дека на стартот ќе бидат потребни 50 тина вработувања. Индирекно овај индустриски капацитет ќе овозможи сигурен пласман на земјоделски производи на над 1 500 семејства што е од исклучително значење за целиот регион.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.