Го cpyши Вардар за прв пат сезонава: Прилепчанецот Благојче Трајкоски фати се’ што можеше да се фати на голот на Алкалоид

Со резултат 22:21, екипата на Алкалоид му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Вардар, а за тоа најголема заслуга имаа 14-те одбрани на прилепчанецот Благојче Трајкоски.

Трајкоски буквално брилиираше денеска на голот, а на крајот од натпреварот не можеше да ги сокрие емоциите.

Алкалоид имаше предност и од 7 гола разлика во еден дел од натпреварот, но на крајот попуштија, па натпреварот можеше да заврши и со нерешен резултат.

Сепак, кога беше најмногу потребно, бедемот на голот не попушти, па сега Алаклоид се израмни на ист број бодови на табелата со Еурофарм Пелистер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.