Легендарниот фудбалер на Арсенал и репрезентативец на Англија, Кени Сансом (61), бил брутално пpeтeпaн пред еден месец.
Славниот репрезентативец на Англија доживеал тешка повpeда на главата, се наоѓа во болница, а лекарите се борат за неговиот живот.
Сансом за репрезентацијата на Англија имал 86 настапи, а настапувал и на Мундијалите во 1982 и 1986 година.
Во кариерата играл за Кристал Палас, Њукасл, Квинс Парк Ренџерс, Ковентри, Бредфорт, Вотфорт. Најголемата слава ја стекна играјќи за Арсенал.
Сансом за Арсенал играл од 1980 до 1988 година, одиграл 314 утакмици и постигнал 8 голови, а како капитен го подигнал пехарот во 1987 година во Лига купот. Вкупно во Премиер лигата има одиграно 637 утакмици.