“Го уништија ли и тоа што го викаа “вашар”? Очаен Пивофест?”

Успешна приказна – така градоначалникот Илија Јованоски и организаторот „Баги Комуникации“ го оценија овогодинешниот 17-ти по ред фестивал на скарата и пивото во Прилеп, “Пивофест”.

Според нив на фестивалот дневно имало помеѓу 35.000 до 40.000 посетители, но атмосферата, целата организација и сликата од фестивалот покажуваат нешто сосема друго.

Овој Пивофест ќе биде запомнет по тоа што како никогаш досега имаше најмал број на штандови, кои беа едвај десетина.

Полупразниот булевар “Гоце Делчев” каде се поставуваат најголем број од штандовите е најголем доказ за тоа. Потоа застапени беа само неколку видови пиво, а изостанаа вкусови кои доаѓаат од други држави.

Што се однесува до програмата и изведувачите во четирите фестивалски денови, очигледно беше промашувањето на дел од нив. Секоја чест за убавата музика која ја пренесуваат и нивните музички кариери, но според бројот на присутните гости, програмата беше повеќе од промашена.

Фестивалот забележа најголема посетеност за настапот на Цеца во петокот, но и тогаш движењето по плоштадот и пред главната бина беше лесно, нешто што не беше замисливо во изминатите години.

Исто така, општината направи пропуст и во однос на рекламата на фестивалот. За прв пат после 10 години изостана директниот телевизиски пренос од “Пивофест”. “Kaнал 5” телевизија, од каде редовно го пренесуваа фестивалот, оваа година поради несериозноста на организаторите го откажаа директниот пренос.

“НЕСЕРИОЗНОСТА НА ОРГАНИЗАТОРOТ/ОРГАНИЗАТОРИТЕ, КОИ ИАКО ВЕТУВАА, КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА ДОСЕГА ШТО БЕШЕ ПРАКСА, НЕ ОБЕЗБЕДИЈА ДОЗВОЛА ЗА ПРЕНОС НА ПРИСТОЈНА МИНУТАЖА. ПОД ПРИСТОЈНА МИНУТАЖА ПОДРАЗБИРАМЕ БАРЕМ 30 МИНУТИ ПРЕНОС ОД СЕКОЈ АРТИСТ ЗА КОИ СМЕТАМЕ ДЕКА ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ ИМА ИНТЕРЕС. ОРГАНИЗАТОРОТ ОБЕЗБЕДИ САМО 3 ПЕСНИ ОД ИЗВЕДУВАЧ, ШТО Е ВО НАЈМАЛА РАКА НЕСЕРИОЗНО КАКО ЗА НАС КАКО НАЈВЛИЈАТЕЛЕН МЕДИУМ, ТАКА И ЗА ГЛЕДАЧИТЕ. ТОА ЌЕ ЗНАЧЕШЕ ДЕКА ЌЕ СЕ ВКЛУЧЕВМЕ НЕКОИ 10-НА МИНУТИ, ПА ЌЕ СЕ ИСКЛУЧЕВМЕ ОД ПРЕНОСОТ ОТПРИЛИКА ЕДЕН ЧАС, ПО ПОТОА ПОВТОРНО ПРЕНОС ОД 10-НА МИНУТИ. ОВА НЕМА НИКАКВА ПРОГРАМСКА ЛОГИКА. ОРГАНИЗАТОРОТ ВЕЌЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА ЗНАЕШЕ ДЕКА ПОД ОВИЕ УСЛОВИ НЕМА ДА ВРШИМЕ ПРЕНОС, И СЕПАК НА КРАЈ ОСТАНАА НА ТИЕ 3 МИНУТИ ПОНУДЕНИ. ВО СРЕДАТА ВЕЧЕР ГИ ИЗВЕСТИВМЕ ДЕКА КАНАЛ 5 ТВ, ЗА ОВАА ГОДИНА ЈА ОТКАЖУВА СОРАБОТКАТА”., истакнаа од “Kанал 5” за Маркукуле.

Фотографиите кои редовно ги добивавме од нашите читатели, а беа направени во период од вечерта кога кулминира забавата пред главната бина, ја демантираат општината и организаторите.

Дебакл: “Атмосферата на “Пивофест” во 21 часот”

“Во 22 часот, згасна ли духот на “Пивофест”?” (ФОТО)

“Атмосферата на “Пивофест” во 22:30 часот: Дали ова значи очајна посетеност?” (ФОТО)

Граѓаните останаа скратени и за одговор колку чини ангажманот на секој од изведувачите на фестивалската сцена, а градоначалникот не даде одговори и за многу други прашања за кои беше повикан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Здравески: “Дали opганизиpaн kpиминал се кpие зад “Пивофест”, за кој би одговapaлe Јованоски и Талески?” (ВИДЕО)

“Македонец од Србија најавува ли голема афера за организацијата на “Пивофест”?!

Покрај сето ова на овој “Пивофест” нарушена беше и безбедноста на посетителите. Имено, како што сите добро знаат, во петокот пред настапот на балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, во локалот “Кафе-ин” во само десетина дена по втор пат имаше дојава за поставена бомба. Припадниците на МВР утврдија дека се работи за школска бомба, а потрагата по откривање на сторителот е во тек.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.