По експресното укинување на екстерното тестирање од страна на владата на СДСМ, учениците од основните училишта во април годинава ќе полагаат меѓународно тестирање под името ТИМС.
Имено, ова тестирање го потврди и директорот на Бирото за развој и образование, Зеќири Хасипи за порталот Деца.мк. Но, нема подетални информации ниту за учениците, ниту за родителите.
Според наши неофицијални извори, тестирање ќе се врши во одредени паралелки од училиштата. Оттука кај родителите се поставува прашање врз кои критеурими се избрани кои паралелки ќе бидат тестирани.
Добивме и информација дека во некои училишта во Скопје ќе се врши проверка на знаењето на ученицте од страна на лица од Министерството за образование.
Притоа нејасно е кој и како тоа на час ќе го проверува нивното знаење.
Родителите имаат многу нејаснотии и прашања поврзани со овој вид на тестирање на нивните деца.
Извор: infomax.mk