Го разбудија градот од рано наутро! Околу 300 дечиња го најавија Христовото раѓање со Бадникова поворка во Прилеп (ФОТО/ВИДЕО)

Под мотото ,,Пренеси ја Божикната радост до секое дете” околу 300 дечиња од утрово во Прилеп учествуваа во традиционалната Бадникова поворка и го најавија Христовото раѓање – Божик.

Пеејќи ја песната “Вечниот Бог”, поворката започна од Камената бина, а дечињата се движења кон параклисот на Св. Никола, па покрај пицериијата „Леоне“, кон пешачкиот премин кај аптеката „Зегин“, низ Старата чаршија, а потоа кон плоштадот, покрај Участакот, и кон НУЦК “Марко Цепенков” и повторно се вратија на Камената бина.

Тука со колетчиња ги даруваше градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, a дечињата одново запеаја и пренесоа радост и среќа.

Инаку ова е најголема Бадникова поворка досега во Прилеп. Минатата година бројката на деца кои учествуваа во поворката беше околу 200.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.