Го преживеа вонредното глacaње: Прилепчанецот Белистојаноски останува на чело на Карате федерацијата на Македонија

На вонредното Собрание на Карате федерацијата на РС Македонија кое беше свикано по иницијатива на 30 клуба Петар Белистојаноски остана на функцијата претседател на Федерацијата откака денес 35 делегати, односно клубови, му ја дадоа довербата, додека 31 беа за негова смена, а две ливчиња се прогласени за неважечки – објави порталот “ИПОН.МК”

Вкупно 68 клуба имаа право на глас.

Инаку, Собранието се одржа во Скопје во „Даре Џамбаз“ во напната атмосфера. Беше забележано дека членови на претседателството на КФМ и селектори имаа полномоштва од други клубови.

Извор: “ИПОН.МК”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.